Данијела Мартиновиќ блесна во креацијата на Викторија Бекам во емисија на ХРТ

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ во шоуто „Ѕвездите пеат“ каде што е дел од жирито, носеше креација со потпис на Викторија Бекам.

Данијела била облечена во долг розев фустан со ефективни набори на стомакот и интересно секси деколте околу вратот со кој го привлекла вниманието на јавноста.

Фустанот е со потпис на дизајнерката Викторија Бекам, а за стајлингот на пејачката се погрижила Барбара Репе, која синоќешното излегување на Данијела го нарече „розова бомба“. За шминката се погрижила Ива Дујиќ.
Освен пејачките изведби и костимите, членовите на жирито – Данијела Мартиновиќ, Марио Липовшек Батифијаца и Марко Тоља – редовно привлекуваат внимание во емисијата на ХРТ „Ѕвездите пеат“ со своите интересни коментари и аутфити.
Данијела објави видео и на Инстаграм од нејзиниот стајлинг.
Scroll to Top