Џеј Ло воодушевува на новата насловна страница: Ја покажа беспрекорната фигура

Најголемо внимание привлекоа вкрстените ремени на половината, како и ракавите украсени со монистра.

Познатата пејачка, актерка и танчерка Џенифер Лопез се појави на насловната страница на изданието „The Envelope“ на „Лос Анџелес Тајмс“, посветено на жените во филмот, оставајќи силен впечаток со својот моден избор што ја истакна нејзината беспрекорна фигура.

За таа пригода, Лопез носеше сив краток топ и здолниште од Алберта Ферети.

Највпечатливи парчиња беа вкрстените ремени на половината и ракавите со монистра, кои дополнително ги нагласуваа нејзините препознатливи стомачни мускули, обликувани од танцувањето.

фото/депозитфотос

Scroll to Top