Џена Ортега во готски стил: метален топ на свеченоста во Лос Анџелес

Ѕвездата на серијата Wednesday, Џена Ортега, на 18 октомври се појави на свеченоста Academy Museum Gala носејќи метален топ во форма на лист, објави „E! Online“.

Дизајнот е дело на Грејс Линг и потекнува од нејзината колекција за пролет 2026. Топот, изработен од темен рефлектирачки метал, со овален дел што ги покрива градите и стебло што се обвиткува околу вратот, ги остави грбот и рамениците целосно откриени.

Комбинацијата ја надополнила со кафеаво свилено здолниште со низок струк, коса врзана во ниско опавче и драматична „smokey eye“ шминка.

Овој смел изглед потсетува на нејзиното издание на доделувањето на наградите Еми 2025, кога носеше топ на Givenchy направен целосно од испреплетени скапоцени камења.

Ортега и нејзиниот стилист Енрике соработуваат со години, создавајќи впечатливи модни комбинации инспирирани од нејзината љубов кон готската естетика.

„Отсекогаш сум ја сакала готската култура и тој потемен хумор — сега конечно можам да го изразам,“ изјавила Џена за Vogue во 2023 година.

Scroll to Top