Можеби изгледаат како најосновни, па дури и малку досадни бои кога се носат одделно, но кога црно-белото ќе се спои – се случува вистинска модна магија.
Оваа вечна модна комбинација стана неопходен „дрес-код“ за сите љубители на тивкиот луксуз, кој владее на пистите, фидовите на Инстаграм и првите редови на модните ревии низ целиот свет.
Она што ја прави црно-белата боја неодолива не е само контрастот, туку и чувството на ненаметлива елеганција што ја носи оваа палета. Постојат беспрекорни силуети, луксузни материјали и совршени кроеви кои го подигнуваат дури и наједноставниот изглед на ниво на модна изјава.
Ако се прашувате од каде да почнете, одговорот е едноставен: изберете парчиња во црно-бела боја кои имаат чисти линии и се изработени од квалитетни материјали.