Сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц, објави неколку провокативни фотографии пред 27-миот роденден на Бруклин. Ова не е прв пат таа да ги запали социјалните мрежи, а овој пат, жешките фотографии доаѓаат среде семејна драма.
И додека сите веќе се поделија, некои се „Тим Бруклин“, а некои се „Тим Викторија“, синот што избега, како што го нарекуваат британските медиуми, ужива со својата сопруга и повеќе не се грижи за лошите коментари.
Сега, Никола ги зачини работите со топлес фотографија што ја направи пред огледалото. Младата милијардерка позираше во бели хулахопки и штикли, додека ги покриваше градите со рацете.
Според странските медиуми, гореспоменатите објави се направени на снимањето на нејзиниот нов филм „Prime“, а за улогата, Никола се подложи на посебен режим. Таа ослабе толку многу што тежи под 45 килограми и напорно вежбаше балет.
Бруклин Бекам предизвика вистинска возбуда признавајќи дека ги прекинал сите врски со своето примарно семејство, а потоа ја обвини мајка си дека цел живот се обидува да го контролира, а воедно му го уништила и бракот со Никола Пелц.






