Фановите ја обвинија Ирина Шајк за поддршка на Путин, откако објави слика со салата

Манекенката Ирина Шајк се најде на мета на социјалните мрежи, но и на модните критичари поради фотографијата со солата од компири од нејзината родна земја и натписот „Russianzz on Wednesday“.

„Понекогаш салата е само салата. Ветувам дека овде нема да има повеќе шифрирани пораки или политички коментари. На сите им посакувам љубов“, напиша руската манекенка.

Објавата брзо се прошири откако ја споделија модните критичари Тони Лиу и Линдзи Шујлер, основачи на Инстаграм профилот Диет Прада, кој следи релевантни настани во модата, како и рекламни кампањи на големите модни куќи.

Имаат повеќе од три милиони следбеници, кои веднаш мораа да ја коментираат наводната промоција на симболот „Z“ од страна на Ирина.

Обожавателите на модниот портал се запрашаа како е можно манекенката, која според нив промовира руска агресија, да продолжи да биде опсипана со лукративни ангажмани? – Тие потсетија и на фактот дека таа досега не ги коментирала ужасите во Украина, ниту ја осудувала руската агресија.

По коментарите објавата беше избриша, како и претходно споделената фотографија од 2020 година на насмеаната Шајк која позира со книга за рускиот претседател Владимир Путин.

Scroll to Top