(Фото) Ако таа не биде избркана поради фустанот, никој нема да биде: ги прекрши сите можни правила во Кан

Иако правилата на Канскиот фестивал оваа година забрануваат „голи фустани“, актерката се осмели да покаже што е можно повеќе и изгледаше одлично на црвениот тепих.

Актерката Пом Клементиф присуствуваше на премиерата на „Невозможна мисија“ на 78-от Кански филмски фестивал со холивудската ѕвезда Том Круз, и иако оваа година беа воведени правила за црвен тепих, таа се осмели да се разголи.

Едно од правилата е „без голи фустани“, меѓутоа, русокосата актерка очигледно не се придржуваше до ова, па се појави во атрактивна креација со длабоко деколте и самоуверено ја откри својата гола кожа.

Покрај деколтето и голиот грб, фустанот има и голем шлиц што ги открива нејзините витки нозе, кои дополнително ги истакна со чевли на платформа, а за накит избра само прстени и импресивни висечки обетки.

Scroll to Top