Холивудскиот актер Бред Пит изминатите денови го промовира својот нов филм „Bullet train“ во кој игра заедно со Сандра Булок.
За премиерата во Берлин, Пит облече здолниште и се појави на црвениот тепих. Здолништето до колена го надополни со чизми, носеше и златен ѓердан со голем приврзок, како и очила за сонце.