(Фото) Дали ова е најубавиот изглед досега на познатата русокоса?

По големиот успех на серијата на Нетфликс „Running Point“, актерката Кејт Хадсон стана „сладок плен“ за странските медиумски фотографи, а неодамна блесна на еден настан.

Кејт ја прими наградата „Pioneer of the Year“ во Лос Анџелес со широка насмевка, а за таа пригода одлучи да носи фустан во нежно сина боја потпишан од познатиот дизајнер Оскар де ла Рента.

Модните експерти пишуваат дека станува збор за креација која, со својот специфичен дезен, создава оптичка илузија од сребрени пердуви кои се протегаат по целата должина на фустанот.

Покрај тоа, тој е украсен со длабоко деколте кое ги истакнува нејзините гради, но и струкиран крој кој ги нагласува нејзините облини.

За да го комплетира својот изглед, Кејт додаде скап накит – ѓердан и обетки, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за висока пунџа во ретро стил.

Што се однесува до шминката, актерката не експериментираше премногу со тоновите, бидејќи нејзиниот изглед, кој зрачи со стар холивудски гламур, не бараше јаки бои.

Во овој поглед, таа се одлучи за помирни, земјени нијанси кои само малку ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.

фото: принтскрин

Scroll to Top