Во последните неколку години, особено со појавата на „old money“ стилот, минимализмот беше во преден план при изборот, но и при создавањето модни парчиња.
Сепак, големите модни куќи полека го менуваат овој наратив, воведувајќи парчиња облека што го прикажуваат логото на даден бренд. Со други зборови, кичот се враќа на големо и ова, секако, прво се забележува во гардеробите на познатите личности.
Пример за овој начин на облекување презентираше пејачката Дуа Липа за време на вечерно излегување во Њујорк. Таа носеше облека од Gucci што „вреска“ со својот дизајн дека доаѓа од фабриката на брендот.
Таа избра комбинација од сатенска блуза со машна и миди здолниште со рамен крој. Стилот го надополни со чанта Jackie, длабоки чизми, а сè беше покриено со препознатливиот монограм на GG.
Облеката беше монохроматска, а Липа со ова издание покажа дека логоманијата се враќа како тренд.
Модните списанија, како што се Vogue и Marie Claire, го пофалија овој начин на облекување, нагласувајќи дека пејачката го враќа трендот „логоманија“.






