Пејачката Дуа Липа редовно привлекува внимание кон себе. Понекогаш фокусот е на нејзината турнеја, потоа провокативни модни изданија и кореографија, а понекогаш и објави на социјалните мрежи.
Летото заврши, па Дуа повеќе не позира во бикини, но тоа не значи дека ги запоставила своите обожаватели.
Во една од нејзините најнови објави, пејачката позира во блескав топ кој изгледа како да е направен од кристали и наликува на вистинска диско топка.
Под него не носеше ништо, со што уште еднаш покажа дека навистина ѝ се допаѓа „голиот тренд“.
Црни панталони и металик сенка за очи надополнија сè, а меѓу фотографиите имаше и една со нејзиниот вереник Калум Тарнер.
„Голиот тренд“ е популарен веќе долго време и бројни познати убавици повторно го прифатија, а самата Дуа Липа веќе неколку пати носеше вакви транспарентни чипкани фустани со кои остави без здив.
фото: принтскрин