(Фото) Дури и кога не е „стегната“, таа е чист сексапил: Џеј Ло во панталони што жените ќе ги обожаваат

Латино дивата Џенифер Лопез беше забележана како купува со својата ќерка Ема кратко откако дебитираше со шест нови песни на ексклузивна забава за одбрани гости. Според „Дејли меил“, една од песните е посветена на Бен Афлек.

Сепак, иако сме навикнати Џеј Ло секогаш да носи провокативни фустани кои совршено ја истакнуваат нејзината фигура, се чини дека малку се предомислила и ни покажала нешто сосема ново.

Сиви панталони со широки ногавици и бел топ со ракави овој пат беа совршен избор, а Џенифер ги искомбинираше со проѕирни потпетици кои веќе ги носеше неколку пати, па може да се каже дека тоа беа нејзиниот омилен пар чевли.

Таа додаде потемна шапка за да го комплетира својот моден изглед, а она што е исто така забележливо е дека има малку посилна шминка за очи, што не е правило кога станува збор за дневни изгледи.

Ова е целосен моден пресврт во нејзиното облекување, што никој не го очекуваше.

Scroll to Top