(Фото) Фаталната Русинка се одлучи за црна боја за третата вечер на Канскиот филмски фестивал

За разлика од првата вечер на Канскиот филмски фестивал во 2025 година – каде што изгледаше како принцеза, таа избра похрабра креација за третата вечер.

Фаталната Русинка се одлучи за црна боја – од глава до пети, а судејќи според новите фотографии од црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, потценување е да се каже дека „убива“ со својот поглед и стил.

Имено, Ирина носеше тесна црна тоалета со мотиви од сончоглед кои се растегнуваа по целата должина на фустанот. Својот стајлинг го комплетираше со проѕирни ракавици и впечатлива шминка.

Покрај тоа, имаше таканаречената мокра фризура која му даваше на целиот изглед заводлив шмек, а имаше и додатоци – ѓердан и едвај видливи обетки.

Scroll to Top