(Фото) Ги сака и мажите и жените, а ја заведе Венеција во бело

Скандалозната убавица Стела Максвел присуствуваше на Венецискиот филмски фестивал, а фотографите ниту овој пат не ја „оставија на мира“.

Моделот Стела Максвел, поранешен ангел на Викторија Сикрет и актерка, која некогаш беше внимателно следена од медиумите поради низата скандали, привлече големо внимание на престижниот филмски настан во Венеција.

Русокосата убавица го освои црвениот тепих на 82-от Филмски фестивал во Венеција, каде што присуствуваше на премиера на филм. За оваа пригода, таа одлучи да облече многу провокативен бел плетен фустан со пердуви и длабок шлиц што стигнуваше сè до бутовите, па можеше гордо да ги покаже своите долги и витки нозе.

Фустанот го комбинираше со трендовски бели шпиц чевли, а посилната шминка за очи и малку полежерната, „влажна“ фризура ја нагласуваа нејзината опуштена елеганција.

Откако ги освои модните писти како ангел на Викторија Сикрет, таа точно знаеше како да го привлече вниманието на толпата и да флертува со фотографите, а тие дефинитивно не ја испуштија од вид, па камерата ја фати од речиси секој агол.

Покрај нејзината кариера како супермодел, Стела Максвел е позната и по нејзиниот бурен љубовен живот; нејзината врска со актерката Кристен Стјуарт, со која раскина и се смири безброј пати, а беше и во емотивна врска со пејачката Мајли Сајрус. Се шпекулираше и дека во 2015 година наводно била во врска со моделот Бела Хадид.

Таа не крие дека ги сака и мажите и жените, беше во врска и со Џордан Барет, а беше поврзувана и со Лиам Пејн.

фото: принтскрин

Scroll to Top