Иако светот доби нов шампион на Вимблдон и со тоа го прогласи крајот на турнирот, модните експерти продолжуваат да коментираат за облеките на познатите ѕвезди во Лондон.
Во текот на целиот тениски турнир, имавме можност да видиме вистинска модна ревија на јавни личности. Сепак, се чини дека принцезата од Велс остави најголем впечаток, бидејќи избра беспрекорен стајлинг за свечената пригода на доделувањето на златниот трофеј.
Кејт Мидлтон носеше миди фустан во кралско сина боја со А-крој кој ја следеше линијата на телото. Елегантната креација има V-изрез и кратки ракави, а е дизајнирана од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Познато е дека една од најубавите принцези во светот ја обожава работата на српската дизајнерка, па затоа не е изненадувачки што овој пат – за да го „круниса“ победникот – таа избра нејзина креација.
Кејт го комплетираше целиот изглед со беж чевли од Ралф Лорен, шминка во „nude“ боја и плетена чанта од британскиот бренд LK Bennett.
Навистина, ова беше уште еден изглед на Кејт Мидлтон достоен за кралска титула!