Омилената џебна Венера, како што многумина ја нарекуваат познатата Ева Лонгорија, неодамна присуствуваше на гала вечерта „Global Gift“ во Марбеља.
Според странските медиуми, станува збор за хуманитарна организација која собира средства за ранливи семејства.
За оваа пригода, актерката одлучи да облече вистински летен фустан кој зрачи со чиста елеганција, а е украсен со прав крој и лесен материјал. Покрај тоа, во горниот дел од креацијата имаше забележлив детаљ кој само малку открива дел од телото.
Својот стајлинг го комплетираше со брановидна фризура, но и шминка во бронзени тонови што ги истакна нејзините природни црти на лицето. Кога станува збор за беспрекорно и елегантно облекување, луѓето веднаш помислуваат на Ева.
Фото: принтскрин