(Фото) Кој беше најдобро облечен на модните награди во Лондон

Во Лондон се одржаа модните награди за 2024 година, а по тој повод многу светски познати фаци се собраа во Ројал Алберт Хол и прошетаа на црвениот тепих во нивните внимателно одбрани модни комбинации.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари од луѓе кои внимателно ја следеа секоја креација. Некои познати личности ги воодушевија сите со својот изглед. Една од нив е Ријана, која на црвениот тепих прошета со својот партнер АСАП Роки.

Таа се појави во фустан од вештачко крзно во светло сина боја, украсен со црн корсет, а впечатокот дополнително го зголеми со кожени ракавици до лактот и голема светло сина крзнена капа.

За разлика од неа, многу познати личности, судејќи по коментарите на социјалните мрежи, не се прославија со своите комбинации.

Scroll to Top