(Фото) Меланија Трамп облече црно-бел фустан за инаугуративниот бал, таа носеше креација во бела боја и на балот во 2017 година

Првата дама Меланија Трамп облече црно-бел фустан на инаугуративниот бал на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.

Меланија прошета низ конгресниот центар Walter E. Washington облечена во бел фустан без прерамки со црни детали и мал шлиц. Креацијата ја спои со штикли и црна огрлица.

Фустанот го дизајнираше Ерве Пјер, долгогодишниот стилист на Меланија. Тој беше задолжен и за фустанот на инаугуративниот бал во 2017 година.

Меланија и тогаш блесна во бел фустан без прерамки со шлиц и тенок црвен ремен околу половината.

Scroll to Top