Првата дама на Америка, Меланија Трамп, со секое ново појавување нè убедува дека е непобедлива кога станува збор за стил и елеганција.
За неа нема опасни комбинации и таа знае како сè да претстави на вистински начин, како што се популарните цветни панталони во кои неодамна воодушеви.
Овој пат, првата дама се појави на голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на американската армија, а тогаш беше и 79-тиот роденден на Трамп.
Таа дојде со него и ова нејзино модно издание веднаш стана главна тема.
Имено, Меланија прошета во бело сако и долга здолниште со тенки пруги, потпишани од дизајнерот Адам Липес, чија креација ја носеше и за време на инаугурацијата во 2017 година.
Освен сето тоа, најголемо внимание привлече нејзиниот избор на чевли. Наместо класичните црни чевли што сите ги очекувавме, Меланија избра тексас чевли од Кристијан Лубутен.