Актерката Сидни Свини неодамна наполни 28 години и отиде на кратко патување со своите пријатели за да прослави. Токму кога помисливме дека прославите завршија, таа организираше забава за сите познати ѕвезди со кои се дружи.
Убавицата, која во последно време ги освојува насловните страници поради својата врска со озлогласениот Скутер Браун, сега позираше во фустан со светки и длабоко деколте, истиот што го носеше Бритни Спирс во 2008 година.
„Добредојдовте на планетата Сид“, напиша таа во описот.
Меѓу гостите, особено се истакна Лорен Санчез, избирајќи го најкраткиот фустан со длабоко деколте, се разбира. На објавената фотографија, не е јасно што е повеќе во центарот на вниманието, нејзините гради или нејзините нозе.
Судејќи според објавите, атмосферата беше одлична, а Сидни го прослави овој роденден на еден од пооригиналните начини.
Меѓу гостите беа и Ештон Качер, Дипло и Глен Пауел, нејзиниот колега од филмот со кого се шпекулираше дека започнале врска, но тоа се покажа како само озборување.
фото: принтскрин