Доделувањето на „Fashion“ наградите се одржа во Лондон, а на овој престижен настан присуствуваа многу познати личности. Покрај актерката Сиена Милер и пејачката Рита Ора, кои предизвикаа возбуда со своите изданија, вниманието на јавноста го привлече и поранешната ријалити ѕвезда Маура Хигинс.
Таа прошета по црвениот тепих во креација која предизвика поделба на мислењата кај обожавателите на настанот. И додека некои пишуваат дека фустанот е чист сексапил, други, според Дејли Меил, тврдат дека е целосно промашување.
View this post on Instagram
Па, зошто нејзиниот аутфит е толку посебен?
Имено, убавицата носеше необична креација од дизајнерот Роберт Вун која ги истакнува нејзините стомачни мускули. Самиот аутфит може да се окарактеризира како уметничко дело, бидејќи не ги следи модните правила, ниту класичен крој.
Се состои од бел горен дел и интересен долен дел – здолниште кое комбинира два дезени.

Својот стајлинг го комплетираше со преголема шапка и проѕирни ракавици. Кога станува збор за шминка, на нејзиното лице беа забележливи земјени тонови, но и нежен беж кармин кој ја нагласуваше нејзината полна уста.






