Џесика Алба го користи времето поминато во Кан и за да ужива во сонцето, а нејзиниот младешки изглед и совршената фигура во бикини не престануваат да предизвикуваат восхит.
@jessicaalba The perfect #summer ♬ Canopée – Polo & Pan
Актерката Џесика Алба не крие колку е посветена на себе по разводот од Кеш Ворен, со кого беше во брак речиси 17 години, и редовно објавува на социјалните мрежи дека ужива во животот и дека ужива да биде сама.
Џесика Алба, како и многу ѕвезди, моментално е во Кан за Филмскиот фестивал, а слободното време го користи за сончање и уживање на една од тамошните плажи.
На фотографијата што ги воодушеви нејзините следбеници, таа позира во впечатливо дводелно бикини со интересен дезен што ја истакнува нејзината совршена кожа и беспрекорен, исончан тен.