Ник Џонас и неговата сопруга Пријанка Чопра се појавија на Мет Гала во интересни изданија и со тоа предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.
32-годишниот пејач и неговата сопруга се појавија во складни црно-бели комбинации. Џонас се појави во црни панталони и кремаста ролка, а изгледот го комплетираше со шал, додека 42-годишната актерка се појави во одело од Балман кое го комбинираше со голема црна шапка.
Освен што многумина ги прогласија нивните изданија за најлоши од овогодинешната Мет Гала, многумина ја искористија можноста да се потсмеваат. Некои ја споредија облеката на актерката со онаа што ја носеше Бет Мидлер во филмот Big Business од 1988 година, додека други ја споредија со Круела де Вил, а имаше и неколку забавни коментари.
Nick Jonas Found Shelter Under Priyanka Chopra's Massive Hat at the 2025 Met Gala https://t.co/sA4qVcRghm
— Harper’s BAZAAR (@harpersbazaarus) May 5, 2025
„Ник Џонас најде засолниште под шапката на Пријанка“, напиша „Харперс Базар“, а некој додаде: „Нејзината шапка е толку голема што Ник не можеше да стои до неа“. Други го споредуваа Џонас со каубој.
„Каубој на електричен бик“, „Круела и нејзиното сиромашно италијанско момче“, „Носи шапка за двајцата“, „Слатка двојка, дури делат и иста шапка“, „Ник и Пријанка изгледаат како да одат на средношколска средба“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.