(Фото) Од секси долна облека во елегантен фустан: Ирина Шајк ги засени сите во своето најубаво издание

Познатата Ирина Шајк е една од супермоделите кои неодамна блеснаа на годишната ревија на Victoria’s Secret, а ниту овој пат не разочара. Освен што е една од најбараните модели, таа ја носи и титулата една од најголемите модни икони на денешницата.

Покрај тоа што ги импресионираше сите на пистата, таа шармираше со својот моден избор на забавата по Victoria’s Secret Fashion Show 2025, организирана во познат клуб во Њујорк.

Ирина се пресоблече од својата секси долна облека во елегантен фустан кој совршено ѝ прилегаше на фигурата. Фустанот, изработен од сатен во шампањ боја, нежно паѓаше сè до подот, а е уште позаводлив поради фактот што Ирина не носеше градник.

Минималистичкиот фустан е вистинско освежување за Ирина Шајк и совршено одговара за оваа или слична пригода. Го комбинираше со сребрени сандали со ремени и ефектни метални нараквици и прстени.

Интересно е што немаше лак за нокти, докажувајќи уште еднаш дека го сака природниот изглед.

Покрај тоа, таа избра потемна шминка и соодветна фризура – нејзината „мокра“ коса даваше впечаток на опуштеност и го врамуваше нејзиното лице, а целата комбинација дополнително ја збогати со бела чанта преку рамо.

Со овој моден избор, Ирина Шајк уште еднаш докажа дека едноставноста е всушност најубавиот украс.

фото: принтскрин

Scroll to Top