Благодарение на својот младешки изглед, Кајли Миног е сè уште една од најпосакуваните жени на светската јавна сцена. Таа привлекува големо внимание и од јавноста на социјалните мрежи, каде што редовно „објавува“ фотографии од својот приватен и професионален живот, а најновата остави многумина без зборови.
Омилената џебна Венера позираше во бел мини фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ја нагласува нејзината фигура. Сребрените детали на самата креација беа исто така впечатливи, бидејќи на целото издание му дадоа разиграна нота која совршено одговара на енергичната личност на Кајли.
Не треба да ги изоставиме белите салонки, врвниот симбол на женственост, кои беа елегантен момент од целиот стајлинг. Таа го надополни изданието со шминка во земјени тонови, брановидна фризура и блескава насмевка што им ја подари на своите лојални обожаватели низ целиот свет.
Оваа објава предизвика лавина од коментари, а повеќето од нив ѝ кажаа едно нешто – дека таа е совршена жена!
„Прекрасна си“, „Кралици“, „Те обожаваме“, се само неколку…






