(Фото) Поќерката на Камила Харис со голи гради на њујоршката модна недела

Ела Емхоф, поќерката на американската потпретседателка Камила Харис, на модна писта ги покажа градите. Ела е манекенка која е ќерка на американскиот адвокат Даг Емхоф, кој сега е во брак со Камила Харис.

Ела носела проѕирна зелена блуза која ги откривала нејзините гради и црно кожено мини здолниште со црни ракавици.

Инаку, 23-годишната Ела стекна популарност кога на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден во јануари 2021 година носеше тартан капут Miu Miu со кристали на рамениците и широка јака преку бордо фустан од Батшева.

Таа потоа дебитираше на модната писта на ревијата на Proenza Schouler за време на модната недела во Њујорк на почетокот на 2021 година, откако потпиша договор со добро познатата агенција за манекенство IMG.

Манекенката пораснала во Лос Анџелес, Калифорнија, но откако заминала во Њујорк да студира дизајн, се заљубила во Големото Јаболко.

 

Scroll to Top