(Фото) Повторно ја покажа голата нога, а интернетот „експлодираше“

Се чини дека Филмскиот фестивал во Торонто е следната голема прослава за познатите личности. Сидни Свини и Метју Меконахи веќе го имаа своето деби на црвениот тепих на фестивалот, а сега и Анџелина Џоли го направи истото.

Актерката се појави на премиерата на филмот „Couture“, а за пригодата носеше, навидум, едноставна креација. Таа се одлучи за фустан-тренч-капут во кафеава боја, од брендот „Габриела Херст“ и црни салонки.

Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во природни тонови и брановидна фризура.

Сепак, токму одреден дел од нејзиното тело привлече најголемо внимание…

Според медиумските извештаи, Анџелина Џоли одлучи да ја повтори познатата поза за фотосесија од Оскарите во 2012 година по 13 години.

Тогаш носеше гламурозен црн фустан и впечатлив црвен кармин, а за фотосесијата ја истакна ногата. Може да се каже дека интернетот експлодираше во тоа време поради нејзиното смело позирање, а ногата стана вистинска сензација.

Се чини дека сега повторно го направи тоа и реакциите на јавноста се исти како пред 13 години…

фото: принтскрин

Scroll to Top