(Фото) Сопругата на Меси во фустан со шлиц ја разгорува фантазијата: какво тело по три деца

Сопругата на познатиот фудбалер Лионел Меси, Антонела Рокуцо присуствуваше на престижен настан на кој Адријана Лима го украде целото внимание.

Сепак, остана нешто за оваа убавица.

Антонела не е премногу експонирана во медиумите, а заедно со семејството не го живее типичниот живот на сопруга на фудбалер.

Таа за овој настан избра елегантна, но малку провокативна креација, што не и е вообичаена појава.

Антонела позираше во беж фустан со голем отвор на стомакот и истакнато деколте, а нејзиниот фустан имаше набори напред.

Таа комплетираше се со едноставна огрлица и насмеана им позираше на насобраните фотографи.

Антонела неодамна беше во центарот на вниманието поради фотографијата со Меси, во бикини, па јасно е зошто таа објава беше една од најчесто пребаруваните со денови на социјалните мрежи.

Антонела и Меси важат за еден од омилените парови на денешницата, а таа е една од најубавите сопруги на фудбалерите. Двајцата се познаваат уште од детството, а врската ја започнале уште во училишните денови. Тие се во брак повеќе од 15 години и имаат три сина.

Scroll to Top