Поранешната супермоделка Наоми Кембел, позната и како „Црната пантерка“, едно од најпознатите лица во светот на моделингот, сè уште воодушевува со својот изглед и се чини дека никогаш нема да престане, иако има 55 години.
Наоми изгледаше фантастично на гламурозната церемонија на доделувањето на модните награди CFDA 2025, одржана во Њујорк, како штотуку да слегла од модната писта.

Настанот собра големи имиња од светот на познатите личности, а Наоми имаше чест да му ја додели наградата „Меѓународен дизајнер на годината“ на Питер Мулиер.
Нејзиниот аутфит за овој престижен настан беше повеќе од интересен и беше потпишан од модниот бренд ALAÏA, кој често го носи Ријана, како и други познати ѕвезди.

Се појави во бело од глава до пети – вклучувајќи бели чевли, и носеше очила за сонце како моден детаљ.
Наоми уште еднаш покажа со овој впечатлив аутфит дека е икона на стилот, и оправдано беше една од најдобро облечените познати личности на настанот, а реакциите на социјалните мрежи беа исклучиво позитивни.

фото: принтскрин






