Американскиот актер Џорџ Клуни присуствуваше на прес-конференција по повод 78-мото доделување на наградите „Тони“ во Њујорк.
Во таа прилика, тој ги направи жените од целиот свет среќни, бидејќи реши да ја врати својата препознатлива седа коса. Тој гордо позираше пред објективот на фотоапаратот, покажувајќи дека се вратил во нормала.
View this post on Instagram
Како што е наведено, Клуни ја оставил својата седа коса да израсте, откако ја обои пред неколку месеци за претставата „Good Night, and Good Luck“.
„Убаво е да се види како се враќа во својата „оригинална“ верзија“, „Толку е згоден. Да не се приближи никогаш повеќе до фарба за коса“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.