Познатата актерка Емили Блант блескаше на премиерата во Лос Анџелес. Таа не беше само гламурозна и елегантна, туку зрачеше и со луксуз благодарение на внимателно одбраниот накит кој засени сè друго.
Емили позираше во црвен фустан со отворен грб и украсен со кристали и бисери, но според InStyle, накитот од De Beers привлече најголемо внимание.
Актерката носеше обетки од 18-каратно бело злато, а имаше и соодветна нараквица. Емили имаше и уште две дијамантски нараквици, едната од платина, а другата повторно од бело злато.
За да комплетира сè, таа се одлучи за импресивна колекција прстени, а „прстенот на бесконечноста“ со дијамант во средината особено се издвојуваше.
Според извештаите, Емили носеше накит во вкупна вредност од 207.100 евра.
Џесика Пастер, позната по своите соработки со други познати ѕвезди, вклучувајќи ја и Парис Џексон, беше заслужна за изгледот на оваа прекрасна актерка.
фото: принтскрин