(Фото) Жената со најубавата насмевка може да облече што сака

Актерката Џулија Робертс дојде на премиерата на филмот „After the Hunt“ и ги шармираше сите со фустан од Версаче што го одбра специјално за настанот.

Фустанот беше специјално дизајниран за неа и направен од уникатна ткаенина Crepe de Chine, а за него беа потребни повеќе од 300 часа рачна работа.

Над црната свила имаше вез со посебна длабочина и текстура, така што создава оптичка илузија и дополнително го стеснува струкот.

Уште еднаш, Џулија Робертс покажа дека гламурот и елеганцијата се бесценети, и дека со софистициран стил и совршена насмевка, не ви треба ништо друго.

Покрај тоа, овој фустан претставуваше и симбол на новата ера на Версаче по заминувањето на Донатела.

Овој бренд беше препознатлив по својот максимализам и екстраваганција, додека сега сè повеќе се потпира на гламур, но и на воздржаност.

фото: принтскрин

Scroll to Top