Турско-германската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, во долг син фустан се појави на црвениот тепих во Кан.
Една од вечерите на филмскиот фестивал беше резервиран за хуманитарниот гала настан на Американската фондација за истражување на сидата, на кој се појавија бројни познати личности, меѓу нив и турско-германската актерка.
Узели одбрала едноставен светлосин фустан кој ѝ ја следи линијата на телото, а стајлингот го надополнила со дискретен, но и впечатлив накит.

