Фустаните со голи раменици се тренд оваа сезона

Меган Маркл се појави во свечен маслинесто зелен фустан кој потсетува на трендот на годината, фустан со голи раменици.

За време на прославата во Канада, Меган Маркл го украде шоуто со нејзиниот неверојатен изглед. Тридневното патување го започнала во шик бели спортски комбинации, а потоа ги прекршила застарените модни правила, комбинирајќи црна и сина боја. Но, таа го зачувала својот најдобар изглед за крај: на гала вечера во конгресниот центар во Ванкувер носела елегантен фустан со голи раменици.

За таа прилика, Меган – која беше забележана претходно во текот на денот во шик палто избра балски фустан со маслинесто зелена боја на рамениците од дизајнерката Грета Константин. Нејзиниот елегантен вечерен изглед го дополни со златниот накит „Logan Hollowell“, и со високи потпетици од „Manolo Blahnik“.

Фустаните со голи раменици кој Меган Маркл сака да го носи, се елегантни, секси и одлична алтернатива за храбриот тренд. Оваа пролет сите ќе носиме слични модели, пишуваат модните изданија.

Минатата година носевме смели фустани со длабоки шлицови, деколтеа. Оваа година трендот е прилагоден на секојдневното носење и се сведува на класични макси здолништа со длабоки шлицови и маици и фустани со голи раменици.

Scroll to Top