Фустанот на Јелена Ѓоковиќ што го носеше на Вимблдон чини 800 евра

By

За време на финалниот меч во кој Новак го победи Ник Киргиос и го освои 21. Грен слем трофеј, Јелена навиваше облечена во розов мини фустан, во кој подоцна се појави на церемонијата.

dobivaj vesti na viber

Елегантниот летен фустан во розева боја, со големи надуени ракави, предизвика големо внимание во јавноста. Станува збор за креација од изданието „Сесилија Бансен“ на данската дизајнерка Сесилија Тормарк, која е претставник на минималистичкиот скандинавски стил. Нејзината мода се карактеризира со важноста на одржливото производство, а таа е лично одговорна за модната недела во Копенхаген да ги преживее и најтешките времиња.

Нејзиниот фустан кој Јелена го носеше на Вимблдон чини нешто повеќе од 800 евра. Поточно 821 евро.

 

Ќе ви се допадне