Фустанот не поднесува долна облека, а Селма Хаек изгледа фантастично во него

Актерката и една од најубавите и најатрактивни жени во светот, Селма Хаек, на забавата на магазинот „Vanity Fair“ одржана по 96-тата церемонија на Оскар, блесна во сребрен фустан и гордо ги покажа своите раскошни облини, како што само таа може.

Тесен и сјаен „Гучи“ фустан кој ја следи линијата на телото, најмногу ги истакнува градите и бара да не се носи долна облека за да не се оцртува, беше полн погодок за Селма, пишуваат медиумите.

Со ова се согласуваат и модните критичари кои сакаа да ги истакнат нејзините заносни и препознатливи облини, но на многу суптилен начин, иако и оваа година бевме сведоци на бројни модни промашувања кои ја преминуваат границата на добриот вкус.

За оваа пригода Селма имаше посилна шминка, накит што паѓа во очи и поинаква фризура.

Нејзината излижана коса изгледаше совршено, а нејзината неодолива насмевка ја красеше целата модна приказна.

Scroll to Top