(Галерија) Елеганција, гламур и сексапил доминираа на Оскарите

Црвениот тепих на Оскарите, годинава не беше црвен. Прв пат црвената боја беше заменета со друга. Тепихот на 95 -тото доделување на Оскарите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на кој се појавија холивудските ѕвезди беше во нијанса на шампањ.

Манекенката Вини Харлоу (28) на тепихот кој годинава е златен се појави во жолт фустан, а модната комбинација ја комплетираше со црна чанта. Актерот Брендан Фрејзер (54) се одлучил за класична облека. Носеше црн костум, бела кошула, а модната комбинација ја украси со црна машна. Анџела Басет доби пофалби за својата комбинација. Актерот Харви Гилен (32) носеше луксузен црн костум со необични светкави детали. Манекенката Ешли Греам (35) позираше на црвениот тепих во црн фустан на кој и се гледаше деколтето, а во рацете држеше наметка.

Кинеската актерка Фан Бингбинг (41) се појави во впечатлив сребрен фустан со светки. Таа ги усогласила обетките со смарагд наметка.

Шкотската триатлонка и сценарист Лесли Патерсон (42) позираше во жолто-розов фустан со пократка предна должина, а зад себе имаше розова наметка. На нозете носеше розови отворени штикли, а во раката носеше чанта со шарен дезен.

Кара Делевињ се истакна во црвен фустан. Американската актерка Џејми Ли Кертис (64) блесна во долг беж фустан со многу светки.

Режисерот Дејвид Фурниш (60) позираше со својот сопруг, пејачот и актер Елтон Џон (75). Дејвид носел црн костум, додека Елтон носеше кафеав костим со светки и очила во форма на срце.

 

 


 


 

Scroll to Top