Најуспешниот македонски модел Елена Реи, по две години пауза поради пандемијата, повторно замина во Азија. Таа во моментов е во Гуангжоу, Кина, каде што има фотосесија за нова кампања, а пред две недели беше во Сеул, Јужна Кореја, каде што снимаше за престижниот моден магазин Shinsegae.
За овој едиторијал Елена носеше комплетни стајлинзи на Lee Yoonkyung, трендовски комбинации на врвните брендови како Tom Ford, Miu Miu и Gucci. Нејзиниот престој во Сеул ѝ донесе и голема модна кампања за накитот на Chopard.
„По долгата пауза Елена сега повторно ги освојува светските модни центри“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН менаџмент“.