(Галерија) Кејт Мидлтон како Бренда и Кели од „Беверли Хилс“ на премиерата на „Топ ган“

Вчеравечер во Лондон се одржа премиерата „Топ ган: Маверик“, а Том Круз дојде во друштво на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Војвотката повторно воодушеви со гламурозниот изглед на црвениот тепих. Таа носеше црн фустан од дизајнерот Роланд Мареј и обетки во вид на ѕвезди, со минималистичка шминка. Во јавноста, пак, фустанот на војвотката го споредија со црниот фустан со бела машна, кој во првата сезона на тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс“ го носеа Кели и Бренда.

Вниманието го привлекоа и мокасините на Вилијам, на кои беше извезен бело-син авион, кој потсетува на оној што е користен во оригиналниот „Топ ган“ од 1986 година.

Британските медиуми пред еден месец пишуваа дека Кејт и Вилијам имале приватна проекција на „Маверик“, а ја организирал Круз кога дознал дека британскиот принц е голем фан на филмот. На проекцијата, наводно, освен Вилијам и Кејт, биле уште неколку членови на кралското семејство.

Scroll to Top