(Галерија) Македонскиот дизајнер Тони Матичевски ја облече Хајди Клум во секси жолт фустан за наградите „Билборд“

Германскиот топ-модел Хајди Клум носеше секси жолт фустан од македонскиот дизајнер Тони Матичевски на доделувањето на наградите „Билборд“. Таа фустанот го дополни со црни кадифени ракавици и високи чизми над колената.

Не е првпат Матичевски да дизајнира за Клум. Таа носеше негова креација и на Модната недела во Берлин лани во јануари.

Освен за Клум, македонскиот дизајнер креира и за Ева Лонгорија, Кристин Стјуарт, Меган Маркл, Џенифер Лопез и други.

Scroll to Top