Генерацијата „З“ веќе некое време лудува по мажи со необични црти, односно лица кои не се класично убави, но се некако посебни. Така се разви нов тренд – дечковци глодари, односно „мажи глодари“.
Мажите со изглед на глодар имаат неконвенционално атрактивни карактеристики, главно разбушавена коса, а мускулите генерално не се нешто што ќе ги натера луѓето да тргнат по нив. Црпат воздишки кај бројните обожаватели од новата генерација, а сето тоа е поради нивниот опасен изглед.
Опасен изглед во комбинација со добрина и љубов е она што многумина го бараат кај мажите денес.
Сè започна кога некој на Твитер ги спореди колегите Џош О’Конор и Мајк Фаист со познатите анимирани глувци – Роди и Малиот Стјуарт. Мајк и Џош бе пофалени за нивниот неконвенционален добар изглед.
Покрај тоа, брендовите почнаа да ангажираат нестандардни машки модели. На почетокот на годината светот зборуваше за рекламата на Келвин Клајн, со Џереми Ален Вајт.