Хајди Клум без градник позираше за „Вог“

Хајди Клум во шестата деценија позира за насловната страница на „Вог“.  49-годишната манекенка без градник се појави на јубилејниот четиригодишен број на Vogue Грција.

Клум, позираше во проѕирен горен дел во боја на шампањ со здолниште. Во интервјуто за „Вог“, Клум зборува за еволуцијата на индустријата за моделирање.

„Ми се допаѓа што сега има повеќе разновидност во манекенството. Во тоа време, сите модели изгледаа слично, имаа иста висина, исто слабо тело, исто коса. Денес се застапени многу различни типови. Лично, ми се допаѓа што имам работа како модел и во овие зрели години“, изјавила Клум.

Покрај Клум во фотосесија за „Вог“ се појави и нејзината ќерка, 18-годишната Лени која ја има од врската со Флавио Бриаторе.

 

 

Scroll to Top