Ирина Шајк во секси костим за капење ја најави новата колекција креирана од Бијонсе

Руската манекенка Ирина Шајк во нова кампања за костими за капење, за колекцијата „Ivytopia“, креирана од Бијонсе за брендот Адидас. Што се однесува до самата колекција на костими за капење, како што објаснија креаторите, таа е инспирирана од идејата за силни жени, како и од целта моделите на костими за капење да одговараат на секој облик на тело.

Главниот мотив на оваа кампања е да ја пронајдете и изразите сопствената личност онаква каква што навистина сте, а не онаква каква што светот сака да бидете.

Ирина поради таа причина за фотографирањето облекла едноделен небесно син костим за капење, а витката фигура дополнително ја истакнала со потпетици. Со цел целокупниот изглед да биде автентичен, моделот се одлучи за т.н мокра фризура која го комплетира нејзиниот изглед за гореспоменатата кампања на брендот.

Scroll to Top