Ивана Караџова сними кампања за „Теранова“ во Милано

Македонската манекенка Ивана Караџова во Милано сними кампања за модниот бренд Теранова. Кампањата е работена во Римини и Милано. Ивана периодов доби и неколку други ангажмани во Милано. Од нејзината агенција „Моделс ин“ велат дека Караџова е букирана однапред за повеќе проекти.

„Ивана одлично се снајде во новата средина и очекуваме реализација на проектите за скоро време. Нејзината успешна кариера почна кога во 2016 стана Лице на годината за Македонија. Имаме големи очекувања за Ивана бидејќи докажа дека припаѓа на светскиот моделинг“, велат од нејзината агенција.

Scroll to Top