Дотерувањето за време на преодната пролетна сезона може да биде тешко, особено во овие денови кога имаме прилично непредвидлива временска прогноза. Едно од најомилените парчиња кај дамите со стил се фустаните, кои лесно се комбинираат, па дури и со патики. Тие создаваат совршен баланс помеѓу лежерниот и кул изглед, а ако сè уште не сте подготвени за високи потпетици, ова ќе бидат изгледи кои ќе ги креирате цела пролет.
Во продолжение пет начини како модните инфлуенсерки ширум светот успеа да направат совршени комбинации од своите омилени пролетни фустани и удобните обувки.
1. Макси фустан + бели патики
Моделите на New Balance патиките се на врвот на трендовите за оваа пролет. А освен што потсетуваат на ретро машките модели, совршени се и во комбинација со долги макси фустани.
View this post on Instagram
2. Тексас фустан + бели патики
Ако може да се издвои едно парче облека и да се нарече совршено за секој период од годината, тогаш дефинитивно тоа е тексас фустанот, кој во комбинација со бели патики дава шик ефект.
View this post on Instagram
3. Црн долг фустан + бели патики
Обичниот црн фустан има моќ на трансформација, па може да се искористи за градење на женствен, но и лежерен, бунтовнички аутфит.
View this post on Instagram
Познатите трендсетерки преферираат црн фустан со висок шлиц, надополнет со бели патики, давајќи му на фустанот урбана атмосфера.
View this post on Instagram
4. Плетен фустан + бели старки
Белите старки и оваа сезона не се надвор од листата на водечки трендови, а Негин покажа дека комбинацијата на плетен материјал и платно е совршен избор за секој ден.
View this post on Instagram
5. Фустан во боја + шарени патики
Патиките со ретро модел на Air Jordan и понатаму се едни од најпосакуваните. Леснотијата за комбинирање на патики во живи или пастелни бои стана еднаква на моделите во бела боја.
View this post on Instagram