Како најдобро да го комбинирате омилениот фустан со патики

By

Дотерувањето за време на преодната пролетна сезона може да биде тешко, особено во овие денови кога имаме прилично непредвидлива временска прогноза. Едно од најомилените парчиња кај дамите со стил се фустаните, кои лесно се комбинираат, па дури и со патики. Тие создаваат совршен баланс помеѓу лежерниот и кул изглед, а ако сè уште не сте подготвени за високи потпетици, ова ќе бидат изгледи кои ќе ги креирате цела пролет.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение пет начини како модните инфлуенсерки ширум светот успеа да направат совршени комбинации од своите омилени пролетни фустани и удобните обувки.

1. Макси фустан + бели патики

Моделите на New Balance патиките се на врвот на трендовите за оваа пролет. А освен што потсетуваат на ретро машките модели, совршени се и во комбинација со долги макси фустани.

2. Тексас фустан + бели патики

Ако може да се издвои едно парче облека и да се нарече совршено за секој период од годината, тогаш дефинитивно тоа е тексас фустанот, кој во комбинација со бели патики дава шик ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V. (@valdelilas)

3. Црн долг фустан + бели патики

Обичниот црн фустан има моќ на трансформација, па може да се искористи за градење на женствен, но и лежерен, бунтовнички аутфит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camille Charriere (@camillecharriere)

Познатите трендсетерки преферираат црн фустан со висок шлиц, надополнет со бели патики, давајќи му на фустанот урбана атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E M I L Y S H A K (@emilyshak)

4. Плетен фустан + бели старки 

Белите старки и оваа сезона не се надвор од листата на водечки трендови, а Негин покажа дека комбинацијата на плетен материјал и платно е совршен избор за секој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi)

5. Фустан во боја + шарени патики

Патиките со ретро модел на Air Jordan и понатаму се едни од најпосакуваните. Леснотијата за комбинирање на патики во живи или пастелни бои стана еднаква на моделите во бела боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OOTD Magazine (@ootdmagazine)

Ќе ви се допадне