Кејт Мидлтон елегантна во лелеав миди зелен фустан

Шик издание на војвотката од Кембриџ, лелеав фустан од текстуриран материјал во смарагднозелена боја со потпис на дизајнерката Еделаин Ли, чија цена е 785 фунти. Вака Кејт Мидлтон се појави на врачувањето награда на кралицата Елизабета Втора на изборот за најдобар британски моден дизајнер.

Овој елегантен фустан до колена ја истакна витката фигура на Кејт, а украсен е и со машнички на ракавите и ремен со златна тока околу половината. Војвотката го надополни со темнозелени салонки од превртена кожа и чанта со истата нијанса, како и златни обетки.

Scroll to Top