Во бел фустан со палто од дизајнерот Александар Меквин е изборот на војвотката од Кембриџ по повод одбележување на Денот на Анзак. Кејт Мидлтон за оваа пригода модната комбинација ја комбинирала со обетки „Колингвуд“ од принцезата Дејана и трака за косата на Џејн Тејлор со голема сатенска машна.
Мидлтон во однос на начинот на облекување секогаш го почитува кралскиот дрес код и одбира облека од брендови кои се подостапни, а модните аутфити знае и да ги повторни.
Кејт во овој фустан се појави неколку пати. Прв пат го носеше на крштевката на принцезата Шарлот во 2015 година, а потоа ја облече уште три пати, по што ја нарекуваа „Кралица на рециклирањето“ и „Штедлива војвотка“.
Кејт соработува со модниот дизајнер Александар Меквин, а често дизајните на британската модна куќа ги носи на важни пригоди. Најпозната беше впечатливата венчаница на кралската венчавка во 2011 година.