Ким Кардашијан го прослави својот 44 роденден во „гол“ фустан кој предизвика прилично големо внимание на социјалните мрежи.
Фустанот се состои од проѕирен беж фустан над кој Ким носеше боди во боја на кожа. Креацијата одлично го оцртуваше нејзиното тело, што не пропуштија да го забележат многу следбеници на најпознатата светска старлета, па снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Во чест на нејзиниот роденден, Ким им подари на клиентите на нејзиниот бренд за убавина SKKN by Kim 44% попуст на нејзините „омилени производи“.
Ким Кардашијан, родена на 21 октомври 1980 година во Лос Анџелес, Калифорнија, е една од најпознатите медиумски личности, претприемачи и ријалити ѕвезди на денешницата. Нејзиното целосно име е Кимберли Ноел Кардашијан, а потекнува од ерменско-американско семејство. Нејзиниот татко беше Роберт Кардашијан, познат адвокат.
Нејзината мајка е Крис Џенер, која исто така одигра клучна улога во медиумската кариера на нејзините деца.