Констракта облечена како Меган Маркл, фановите велат дека не е случајност

Српската претставничка на Евровизија, Констракта, во Торино се појави на гала-настанот облечена во бела комбинација од глава до петици. Слична ваква комбинација Меган Маркл имаше на себе во 2019 година на прославата на Денот на Комонвелтот, па фановите за ваквиот избор на Констракта велат дека не е случаен. 

Констракта доминира во бели целосни панталони со ластик на половината, бел капут и капа, а на нозете имаше црвени сандали.

Констракта на тиркизниот тепих одговараше на новинарски прашања, при што откри дека песната ќе ја пее на мајчин јазик.

Во интервју за каналот ESC Bubble на „Јутјуб“, Констракта откри и како се заљубила во својот сопруг.

 „Го видов во амфитеатарот и, едноставно, знаев, како што знам сега“, рече Констракта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zemlja gruva (@zemlja_gruva)

Scroll to Top